Регистрација
Рекреација
Бодибилдинг-фитнес клуб “Гладијатор” на простор од 400 м2 комплетно реновиран.
Едукација
Реновирана читална која им овозможува на студентите навремено подготвување на испитите.
Помош
Специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација.
Подготвеност
Ресторанот располага со капацитет од 250 места и можност за подготовка на 3000 оброци дневно.
Почетна
Грешка
  • XML Parsing Error at 1:421. Error 9: Invalid character
Историјат

ДСД Пелагонија

 

 

Државниот Студентски дом "Пелагонија" Скопје како државно - образовна институција е формиран со одлука на Влада бр. 23-219/1 од 28.08.2001 година, а е регистриран  како Дом со решение  IV срег.бр. 428/01 од 30.11.2001 година на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Со одлуката на Владата ,Министерството за образование и наука го превзеде во своја надлежност објектот на поранешниот самачки хотел на градежното претпријатие "Пелагонија" Скопје, кој денес преставува дом за студенти и го носи истото име, но како Државен Студентски дом "Пелагонија" Скопје.

Станува збор за објект кој е целосно опремен и ги поседува сите услови за сместување и престој на студентите, овозможувајќи им нормален студентски живот. Во остварувањто на своите цели и задачи Домот е во тесна соработка со Министерството за образование и наука , со Министерството за финансии, Агенцијата за спорт и млади и други институции, како и со Ректоратот на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј,, каде Домот е придружна членка. Посебно ја нагласуваме соработката на Домот со останатите ученички и студентски домови ширум целата Република преку Здружението на директори на ученички и студентски домови.

Благодарение на добрата соработка меѓу раководството на домот и Управниот Одбор во изминатиот период студентскиот дом успешно ги остварува зацртаните планови. Студентите преку нивните преставници организирани во Совет на станари и комисии успешно соработуваат со раководството на Домот за подобрување на студентскиот стандард, и активно учествуваат со свои предлози за остварување и подобрување на условите за престој на студентите, а посебно се залагаат во учествувањето на домијатата за кои сведочат добиените пехари од областа на спортот.

Исто така студентите станари на Државниот студентски дом, "Пелагонија" Скопје, чија бројка во моментов изнесува окулу 915, успешно спработуваат со меѓународни студентски движења и асоцијации преку ССУКМ за што имаат добиено и Пофалница за добра соработка.

Студентите сместени во Домот се вклучени во сите сфери на работењето на домот . Со донесувањето на глобалниот годишен план за воспитно - образовна работа со студенти и годишната програма за организацијата на слободното време и активности од областа на спортот за 2009 година, раководството на Домот и советот на станари заедно со секторот за сместување активно работат на реализација на истите и веќе се формираа екипите по одделни спортски активности.

 
Како ви се допаѓа новиот дизајн?







 

Локација

Домот се наоѓа на 2 километри од центарот на Скопје , во општина Кисела Вода наспроти економското училиште Васил Антевски-Дрен  на ул.Божидар Аџија бр.12.

Контакт телефон-02/2782-238 или факс 02/2731-043

Известувања

Сите права се задржани © 2012. Државен студентски дом - Пелагонија.

S5 Box

Регистрирај се...

*
*
*
*
*

Полињата означени со (*) се задолжителни.